link to homepage logo

31.03.2021

Како да се приготви градежен гипс?

Во оваа видео ви презентираме како да приготвите смеса од градежен гипс за фиксирање на електрични кабли во ѕид.

Тука се чекорите кои  ги следевме:

Во чист неметален сад сипаме вода и во неа постепено со посипување ја додаваме додаваме потребната количина на градежен гипс. Сооднос на гипсот: водата треба да биде околу 1:0.55. Добиената смеса ја оставаме да “созрее”, каде после мешаме со мистрија. Како што отвореното време за работа на гипсот е помеѓу 8 и 15 мин. препорачуваме да подготвите токлу количество на смеса, кое може да биде искористено во рамките на околу 5 мин.

Со помош на шпакла земаме мало количество од смесата и ја нанесуваме преку каблите и ѕидот. Откако смесата ќе исуши каблите се успешно фиксирани за ѕидот.

Различните нанесувања на градежниот гипс се:

  • За пополнување на дупки

  • За шпаклување
  • За порамнување на површини после шпаклување
  • За фиксирање на кабли, електрични кутии и сл. на ѕидовите
  • За декоративни орнаменти и апликации.