26.03.2021
Пожарна заштита и звучна изолација кај преградни ѕидови
Во оваа видео ви презентираме 6 различни Technogips Pro преградни ѕидови, кои ги обезбедуваат потребите за пожарна заштита и звучна изолација.
Најнапред ви претставуваме 3 различни еднослојни преградни ѕидови:
- Преграден ѕид W1-1 со Стандардна гипс-картонска плоча тип A – За овој преграден ѕид користиме по еден слој од Стандардната гипс-картонска плоча тип A 12.5 mm, Премиум профили CW 50 и UW 50 со дебелина од 0.6 mm и Акустична самолеплива трака. Со оваа системско решение може да се постигне до 30 минути пожарна заштита и до 37 dB звучна изолација.
- Преграден ѕид W1-1 со Импрегнирана гипс-картонска плоча тип H2 – Овој преграден ѕид е соодветен за простории со зголемена влажност до 70% за кратки периоди на време, како што се кујни, бањи, перални и слично. За овој преграден ѕид се користи по еден слој од Импрегнираната гипс-картонска плоча и останатите елементи се исти како и во претходниот преграден ѕид. Со оваа системско решение се обезбедува до 30 минути пожарна заштита и звучна изолација до 37 dB.
- Преграден ѕид W1-1 со Противпожарна гипс-картонска плоча тип DF – Овој преграден ѕид обезбедува до 60 минути пожарна заштита и до 38 dB звучна изолација. За постигнување на овие резултати потребно е да се користи Противпожарна гипс-картонска плоча тип DF 12.5 mm, Премиум профили CW и UW 50 0.6 mm, Акустична самолеплива трака и слој од камена волна.
Преминуваме кон преградните ѕидови со двојна облога:
- Преграден ѕид W1-2 – За овој преграден ѕид потребни се по два слоја од Стандардна гипс-картонска плоча тип А, Премиум профили CW и UW 50 со дебелина од 0.6 mm, Акустична самолеплива трака и слој од камена волна. Оваа решение обезбедува пожарна заштита до 90 минути и 54 dB звучна изолација.
- Преграден ѕид W1-2 со Противпожарна гипс-картонска плоча тип DF – Користиме два слоја на противпожарна плоча 12.5 mm и ги фиксираме на Премиум профили CW 50 и UW 50 0.6 mm и Акустична лента. Овој преграден ѕид обезбедува до 120 минути противпожарна заштита и до 49 dB звучна изолација.
- Преграден ѕид W1-2 со Sound Comfort тип DF – Овој преграден ѕид обезбедува до 120 минути пожарна заштита и 51 dB звучна изолација. За оваа конструкција потребни се по две плочи од Sound Comfort DF 12.5 mm, Премиум профили CW 50 и UW 50 0.6 mm и Акустична самолеплива трака.
За сите Technogips Pro системски решенија ви препорачуваме да користите брзи шрафови за фиксирање на плочите за профилите, да ги пополните споевите помеѓу плочите со FUGA и истите да се армираат со бандажна трака со стаклени влакна и завршно да се обработат ѕидовите со SATEN или FUGA & FINISH Light.