04.01.2021
HOW TO: Избор на преграден ѕид помеѓу дневната соба и трпезаријата, совети за работа со FUGA & FINISH Light и потребните алати и аксесоари
Дeнес даваме повеќе информации за тоа како да изградите преграден ѕид помеѓу дневната соба и трпезаријата, како и за тоа како да ја користите FUGA & FINISH Light, како и кои алати и аксесоари ќе ви бидат потребни.
Прочитајте повеќе во следните редови:
Прашање 1: Сакам да ги одвојам дневната соба и трпезаријата. Кои се чекорите кои би требало да ги следам?
Одговор: Препорачуваме да преградниот ѕид биде Technogips Pro W1-2 – единечна конструкцијата од Technogips Pro премиум профили CW/ UW and два слоја на плочи од типот Sound Comfort Extra DF, кои обезбедуваат висок степен на звучна изолација и пожарна заштита.
Со користењето на Sound Comfort Extra DF наместо стандардните плочи се зголемува звучната изолација и до 5 dB, кое е особено значајно за акустичниот комфор помеѓу просториите и обезбедува дополнителна пожарна заштита од 120 минути
Погледнете го нашето видео за подетални информации околу сите потребни производи кои ќе ви бидат потребни, како и чекорите кои треба да ги следите: httpss://www.youtube.com/watch?v=26Zw2gAVQD0
Прашање 2: За што можам да ја користам FUGA & FINISH Light и како да ја приготвам?⠀
Одговор: FUGA & FINISH Light е готова за употреба смеса, што го прави овој производ многу удобен и лесен за работа. Можете да го користите директно од пакувањето и доколку е потребно може да го разредете со вода (200 ml. постепено се до постигнувањето на посакуваната густина).FUGA & FINISH Light може да се користи за пополнување и завршна обработка на споевите на гипс-картонските плочи, ниво Q1 и Q2; за комплетно глетување, ниво Q3, а фината формула ја прави оваа смеса екстремно соодветна за ниво Q4 кое одговара на највисоките барања на завршна обработка. Со FUGA & FINISH Light можете лесно и брзо да пополните најразлични мали пукнатини и гребнатинки на ѕидовите и да формирате надворешни и внатрешни агли.
Прашање 3: Кои алати и аксесоари треба да се користат со FUGA & FINISH Light?
Одговор: Работејќи со FUGA & FINISH Light не е потребно никаков специфичен алат, освен стандардните за сува градба – глетарка и мистрија. Производот е екстремно лесен за употреба и може да биде нанесен рачно или механички со помош на бандажо, базука или безвоздушен систем. FUGA & FINISH Light е соодветна со сите Technogips Pro бандажни ленти – хартиена, ленти со стаклени влакна и самолепливи. За најдобар резултат и исклучителна цврстина ви препорачуваме користење на хартиена лента. За постигнување на оптимална мазност ви препорачуваме да користите шмиргла со големина од 180 до 220 за рачно шмирглање или големина од 150 за машинско полирање.
Ви благодариме на сите вас кои одвоивте време да ни пратите прашања овој месец. Ги очекуваме вашите нови прашања на канали на социјалните мрежи: @technogipspro!