link to homepage logo

02.02.2022

HOW-TO: Најчесто поставуваните прашања на тема спуштени плафони

Во оваа статија одговараме на три од најчесто поставуваните прашања на тема спуштени плафони. Даваме повеќе информации за тоа кои се видовите на конструкции за спуштен плафон, што треба да се земе во предвид при монтажа на опшивката и како да се избере соодветниот држач во зависност од просторијата.

Кои се основните видови на конструкции за спуштен плафон?

Конструкциите од метални профили за спуштен плафон можат да бидат два вида – на едно и на две нивоа.

Спуштен плафон на едно ниво е изграден само од CD профили во една рамнина, каде растојанието помеѓу нив не треба да биде поголемо од 500mm при напречна монтажа на плочите. Овој вид на конструкција е соодветен за простории со мала височина, како и при долги и тесни коридори.

Спуштениот плафон на две нивоа е изграден од скара од CD профили во две посебни рамнини.

Горната скара од CD профили се нарекува носечка, на која се монтирани држачите и растојанието помеѓу одделните профили е од 500mm до 1200mm во зависност од тежината на опшивката од гипс-картонски плочи.

Долната скара од CD профили се нарекува монтажна на која се монтираат гипс-картонските плочи. Растојанијата помеѓу одделните профили е 500mm при напречна монтажа на плочите. Конструкцијата на две нивоа е соодветна за простории со поголема светла височина. Овој тип на конструкција е значително полесен за користење и дозволува значително поголемо оптоварување.

На што треба да внимавам при монтажата на опшивки на спуштен плафон, за да избегнам пукнатини на фугите?

Гипс-картонските плочи треба секогаш да се монтираат паралелно со CD  профилите, каде фугата од пократката страна на две последователни плочи треба да се позиционира преку CD  профил. Исто така треба да се избегнуваат крстовидни фуги, каде секогаш треба да се предвидува разминување на фугите помеѓу одделните плочи, како во рамнината на слојот, така и помеѓу одделните слоеви.

Кои се основните критериуми за избор на соодветни држачи, кои одговараат на карактеристиките на просторијата?

Изборот на соодветен држач зависи од неколку основни параметри. Првиот параметар е дали има ограничување во височината на спуштање, вториот е очекуваното оптоварување по 1 m2 на опшивката од гипс-картонски плочи и третиот е дали има ризик од удари во просторијата. Одговарајќи на овие прашања можете да изберете најсоодветен држач, кој одговара на потребите. Повеќе информации за различните видови на држачи може да дознаете тука.

Назад кон сите статии